Состојки:
- 1 пакување свежи кори
- 250гр путер (стопен) или масло
Фил со ореви
- 300гр ореви (мелени)
- 200мл млеко (топло)
- 70гр шеќер
- Рум (по желба)
Фил со јаболка
- 700гр јаболка (рендани)
- 1 лажиче цимет
- 70гр шеќер
Фил со афион
- 200гр афион (мелен)
- 200мл млеко (топло)
- 50гр суво грозје
- 80гр шеќер
- 1 ванилин шеќер

Фил со свежо сирење
- 500гр урда (несолена)
- 3 јајца
- 100гр шеќер
- 80гр путер (стопен) или масло 1 ванилин шеќер

Подготовка:
1.Припремата на четирите филови е едноставна: промешајте ги состојките за секој фил во одделни садови.
2. Се препорачува користење на тава со димензии 30х25см. Целосно премачкајте ја со растопен путер и последователно поставете три кори, секоја добро натопена со путер.
3. Филовите наредете ги по следниов редослед: афион, урда, ореви, јаболка. Помеѓу секој фил поставете две кори, секоја премачкана со путер.
4. Печете ја на 180°C, околу 45мин. Пред послужување оставете ја добро да излади и по желба декорирајте со шеќер во прав.