Почитувани пријатели,

ДПТУ „ЖИТО“ ДООЕЛ Велес е компанија во сопственост на г-дин Јованче Ѓошевски.

Zito_Market_logo1

Приказната започнува во далечната 1988год. кога семејството Ѓошевски скромно и домаќински го отвори својот прв маалски дуќан за трговија на мало во Велес. Од тогаш со знаење и упорност, со верба во себе и јасна визија сопствениците продолжија да отвораат и други објекти во Велес. Како расте и се развива Жито така се зголемуваа и предизвиците пред кои се исправува. Во 1998год. Жито ја прошири својата мрежа на маркети и го отвори првиот маркет во Скопје.

Вистинската експанзија на брендот се случи во 2014-2015год. кога отворивме повеќе од 20 супермаркети ширум Македонија. Денес, компанијата “Жито” располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка,  Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со нашите преку 850 вработени претставуваме препознатлив бренд во својата област, а многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015) ни даваат поттик да продолжиме да работиме и да го направиме Жито подостапен за сите. На своите лојални купувачи им овозможивме да станат дел од “Клубот на верни купувачи” со цел да добијат и заштедат повеќе.

Денес кога конкуренцијата е огромна и треба да понудите нешто плус и поразлично, многу е важно да се задржи фокусот на потрошувачот. Затоа, во ниту еден момент не отстапуваме од нашите основни постулати на кои се потпира нашиот концепт за работа: ниски цени, љубезност и квалитет.