Кремасти бомбици

1. Во сад на оган растопете ја млечната чоколада. Додајте ја пополека слатката павлака. Разматете убаво да се соединат. Мешајте ќе се позгусне. Бисквитите измелете ги по ваша желба, јас ги сомелив на поситно во Нутрибулет. Ставете ги во смесата која ја тргнавте од оган. Мешајте добро.

2. Соединетата смеса формирајте ја во топчиња со големина на еден орев. Оставете на страна.

3. Во сад измешајте го маскарпонето со кремот. Кога добро ќе биде изматено полека пуштајте ги топчињата и со лажица вадете ги на чинија. Попрскајте ги со јадро мелени бадеми.
Оставете да се стврднат во ладилник,па служете.
Нека ви е слатко.

Состојки
  1. Прелив
  2. 3 лажици маскарпоне
  3. 3 лажици еурокрем
  4. Состав
  5. 100мл слатка павлака
  6. 100 гр млечно темно чоколадо
  7. 180 гр мелени бисквити

Коментари

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Слично:

Следете не :

Видео на неделата