Жито маркети за 8-ми март на жените од ,,Борка,,

Жито маркети за 8-ми март на жените од ,,Борка,,

Оваа година тимот на Жито Маркети одлучи симболично да го прослави 8-ми март.  Средствата кои  биле  планирани за негово одбележување,  ги подари на Здружението за борба против ракот “Борка”.

Светскиот ден на жената има значајна цел и сите ние со своите ставови и постапки сме одговорни за реализација на таа цел. Се надеваме дека овој позитивен пример ќе придонесе за подигнување на свеста кај секој од нас -заеднички до поголема промена – велат од Жито маркети. 

Тие изразија  искрена благодарност до  “Борка” што  им  дозволила  да бидат дел од нивната мисија- „за секој нов ден!”