Жито Маркети со свој втор маркет во Делчево

Жито Маркети со свој втор маркет во Делчево

Малопродажниот ланец „Жито маркети” на 16.06.2018г. отвори нов маркет во Делчево на улицата „Булевар Македонија” бр. 45 . Официјалниот почеток со работа на маркетот кој е сместен во комплексот „Делчевчанка“ веднаш спрема основниот суд во Делчево на свечен начин го означија сопственикот на компанијата Јованче Ѓошевски и градоначалникот на о.Делчево, Горан Трајковски.

IMG_4656-678x381

-И денеска по втор пат отвораме маркет во Делчево. Ова ќе биде еден од поголемите маркети со повеќе асортиман така што сметам дека купувачите ќе бидат задоволни. Со отворањето на новиот маркет во Делчево се надевам ќе ги задоволиме потребите на потрошувачите, истакна сопственикот Јованче Ѓошевски.

IMG_4635

За делчевскиот градоначалник Горан Трајковски отворањето на новиот Жито маркет нема да значи само отворање на нови работни места туку и зголемување на квалитетот на услугата што е мошне важно за секој потрошувач.

-Чест ми е што бев поканет да ја пресечеме лентата и да го означиме почетокот со работа на новиот маркет од ланецот на Жито маркети во Македонија. Ова е од исклучително значење за градот Делчево, бидејки од една страна значи зголемување на конкуренцијата на производите, но од друга страна и зголемување на квалитетот на услугата што пак дава особен придонес во здравата пазарна економија, истакна градоначалникот Горан Трајковски.

Според вообичаената и веќе препознатлива практика на „Жито Маркети” и ова отворање помина со голем број промоции, подароци и гратис производи.

IMG_4655-678x381

IMG_4653-678x381

IMG_4609-678x381