Жито Маркети со донација до велешката болница

Жито Маркети со донација до велешката болница

На 20.03.2020 год. Жито маркети оствари донација до ЈЗУ Општа болница Велес. Поттикнати од вонредната состојба која владее во земјава, во претходна консултација со одговорните лица во болницата во Велес беа донирани средства за хигиена и дезинфекција во согласност со потребите на установата.

Соработката со велешката болница не престанува тука и Жито маркети како општествено одговорна компанија ќе продолжи да придонесува за подобрување на општото добро во овие тешки времиња. Секогаш верни на Вас!