“ЖИТО МАРКЕТИ” СЕГА И ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

“ЖИТО МАРКЕТИ” СЕГА И ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ДПТУ „ЖИТО“ ДООЕЛ Велес на 22.12.2018 го отворија својот прв објект во општина Македонска Каменица. Со новоотворениот Жито маркет, граѓаните од оваа општина добија модерен супермаркет што нуди голем избор производи од многу брендови со пристапни цени, одлична услуга и чести промотивни акции за купувачите.

Маркетот се простира на површина од 240м2 + 30м2 магацински простор. Располага со две наплатни каси, широк асортиман на производи и е прилагоден на потребите на потрошувачите. Отворањето на маркетот обезбеди 10 нови вработувања.

„Жито маркети“ со секој новоотворен објект останува доследен и ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјавија од Жито Маркети.

Маркетот се наоѓа на ул. Александар Македонски бр.1А. Работно време од понеделник до сабота 07.30- 21.00ч. и недела 08.00-15.00ч.

каменица каменица 2 каменица 3