Жито маркети прослави 30 години успешно работење!

Жито маркети прослави 30 години успешно работење!

На 17.10. во пријатната атмосфера на винарија Стоби беа одбележани 3 децении постоење на нашата компанијата. Пристигнаа повеќе од 700 гости, блиски соработници, деловни партнери, вработени, семејство и претставници од медиуми.

Идејата и концептот на настанот беше да се пожнее успехот од 30те години успешно работење на домашниот пазар, истовремено означувајќи почеток на нов циклус кој ќе даде уште подобри резултати.

На самиот почеток на прославата, сопственикот на Жито маркети, г-динот Јованче Ѓошевски , им се обрати на присутните со зборовите:

Убава е глетката вечерва, растреперено е срцето, полна е душата.Тука се моите другари со кои заедно започнавме да го градиме бизнисот, заедно растевме, си подававме рака и се поддржувавме. До нив ги гледам и нашите ученици, млади менаџери, верни, лојални, желни за нови успеси и продолжување на приказната. Тука е и моето семејство, мојата сопруга, синовите, мојата потпора и сила, моето се!

Горд сум и среќен што после 30 години постоење, чесно и домаќинско работење можам да кажам дека успеавме и дека мојот сон стана реалност. Вредеа сите непроспиени ноќи, сите донесени одлуки, сиот вложен труд.Успехот од 30 години постоење го должам на моето семејство, моите вработени и Вам пријатели мои. Затоа од ден во ден, од недела во недела, макотрпно работиме да го направиме ЖИТО – среќно семејство на што е можно поголем број на граѓани.

Потоа, како симбол на благодарност за долгогодишниот труд беа доделени благодарници со златник и сребреник на вработените во компанијата со стаж од повеќе од 20 години.

Прославата беше целосно во знакот на традиционалните македонски вредности, а гостите ги забавуваше добро познатата група Љубојна во придружба на танчерска група и диџеј. Пред самиот крај, со помош на гостите беа запалени триесет балони од хартија кои го осветлија и разубавеа небото, означувајќи нов почеток!