ЖИТО МАРКЕТИ ПРЕДВРЕМЕ ГИ ИСПЛАТИ ОБВРСКИТЕ КОН ДРЖАВАТА

ЖИТО МАРКЕТИ ПРЕДВРЕМЕ ГИ ИСПЛАТИ ОБВРСКИТЕ КОН ДРЖАВАТА

Во ситуацијата во која се наоѓаме, соочувајќи се со досега невидени предизвици, ДПТУ Жито ДООЕЛ- Велес донесе одлука активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет со предвремено плаќање на месечните аконтации на данок на добивка за 2020 година во висина од 10,559,513 денари.

На овој начин сакаме да дадеме конкретна поддршка во насока на зголемување на капацитетите на државата за поуспешно и поефикасно справување со ситуацијата и заштита на здравјето на сите граѓани. Во овие тешки времиња потребно е да покажеме единство и солидарност повеќе од било кога, да се сплотиме и да се потпреме едни на други за да може што побрзо да се опоравиме и да се вратиме во нормала.

Како компанија остануваме посветени на почитување на препораките и мерките од соодветните институции, затоа што јавното здравје е општествена одговорност и зависи од сите нас!