Жито Маркети горди пријатели на фестивалот “Игри без маска 2019”

Жито Маркети горди пријатели на фестивалот “Игри без маска 2019”

Здружението “Свет на различни, а еднакви” по 4ти пат го организираше уникатниот тридневен меѓународен драмски фестивал “Игри без маска” кој е единствен на Балканот од овој карактер.

Овој настан претставува повик за соживот и извлекување на лицата со попреченост од секаков вид изолација, негување на нивниот потенцијал и унапредување на нивниот квалитет на живот.

Жито Маркети беа горди пријатели на овој настан и безрезервно ја дадоа својата поддршка. Од срце!