За Нас

За Нас

Почитувани пријатели,

ДПТУ „ЖИТО“ ДООЕЛ Велес е компанија во сопственост на Г-дин Јованче Ѓошевски.

Zito_Market_logo1

Од отворањето на првиот С.Т.Д. во Велес, во далечната 1988 година па се до денес „Жито“ маркети располагаат со 51 супермаркети распределени во повеќе општини во Македонија: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка,  Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево. Со своите преку 600 вработени претставуваме препознатлив бренд во својата област.

Многубројните признанија кои ги добиваме како она од 2010година кога бевме прогласени за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети ни даваат дополнителен поттик во насока на секојдневно подобрување на квалитетот на услугата која ја нудиме.

Во ниту еден момент, како на почетокот кога беше приоритет да се имаат основните прехрамбени производи во доволни количини, така и денес кога конкуренцијата е огромна и треба да понудите нешто плус и поразлично, не одстапуваме од нашите основни постулати на кои се потпира целокупната наша концепција за работа: ниски цени, љубезност и квалитет.

Обраќање на сопственикот

Zito_Market_logo2

Како и секој дом, како и секое семејство, потребно е да се постават здрави темели кои се предуслов за понатамошен успех и развој. Низ историјата успесите на ЖИТО секогаш биле базирани на цврсти вредности: одговорност, чесност, доверба и интегритет. Всушност во изминатите 25години од самото основање на компанијата овие вредности беа наш двигател кој ни го покажуваше патот по кој што треба да се движиме.

Денес кога се навраќам на почетоците, чувствувам обврска кон иднината и гордост кон минатото. Гордост за која е заслужен подеднакво секој наш купувач, сите Вие кои ни ја давате довербата цели 25години. Оттука произлегува и нашата обврска кон сите Вас, свесни дека патот до успехот е полн со тешкотии и препреки но и дека е уште потешко задржувањето на врвот. На укажаната доверба, секогаш и секаде сме излегувале во пресрет на сите оние на кои им била потребна нашата подршка. Сакам да ве уверам дека таа традиција и изградбата на ЖИТО како општествено одговорна компанија ќе продолжи во иднина. Наша должност е да бидеме најдобри во она што сме се определиле да го работиме. Од ден во ден, од недела во недела, макотрпно работиме да го направиме ЖИТО среќно семејство на што е можно поголем број на граѓани.

Убеден сум дека со ваша подршка ќе успееме во тоа.

повеќе →