За нас

За нас

grapes-banner-image-1
         Како компанија која е препознатлив и респектабилен бренд во областа на малопродажба преку своите 49 маркети,во 2006 година одлучивме со своја посебна подружница да инвестираме и во земјоделство во полето на лозарство и овоштарство.По земањето под концесија на земјиште од околу 220 ха, одлучивме да подигнеме поголеми површини на нови насади.
         Имено во периодот од 2008—2010 година засадени се вкупно 131 ха овошни и лозови насади од кои:
  1. во 2008 година вишна 20 ха , винско грозје 12 ха
  2. во 2009 година праска 20 ха , винско грозје 31 ха, трезно грозје 6 ха
  3. во 2010 година круша 25ха,слива 5ха, трпзено грозје 12 ха.
Покрај подигнувањето на овие насади успеавме и да воведеме посебен систем за наводнување познат  под името “капка по капка” на целокупната обработлива површина.Напоредно со изградбата на ваквиот систем се инвестираше и во ископ на нов бунар од реката Вардар преку кој се врши фертиригација (ѓубрење на насадите) со цел да се добие што поквалитетна вода а со самото тоа и поквалитетен и поздрав  краен производ.
После подигнувањето на овие насади и овозможувањето на ваквиот начин на наводнување сама по себе се наметна потребата од чување и складирање на производството, за чија цел се изградија разладни комори со капацитет од 250 тони,чиј капацитет не ги задоволува целокуните наши потреби и кој се очекува многу скоро да биде зголемен.
Во иднина како ќе се зголемува капацитетот на производите , ќе се размислува и за посебен дел каде ќе се преработува суши , замрзнува и пакува овошјето.
Останатите површини засадени се со житни култури.
Нашите заложби за понатамошен развој и наградување продолжуваат со планираното засадување на круша на 8 ха и фстак на површина од 1 ха како пробен прокет кој доколку се покаже како успешен во инина ќе добие многу повеќе внимание.
  • Од сортите на праска застапени се глохавен,крестхавен,стар ред голд-нектарина
  • Од сортите на круша застапени се етруска,вилјамовка,харолд свит,абате фетел
  • Од сортите на слива застапени се стривал и ред бјути
  • Од трпезното грозје викторија, мишел палиери,инзолиа империале(афус али)
  • Од грозје винско има вранец,кабарне сувињон,мерлот.