Уникатност препознатлива 25 години – ЖИТО МАРКЕТИ

Уникатност препознатлива 25 години – ЖИТО МАРКЕТИ

Уникатност препознатлива 25 години – ЖИТО МАРКЕТИ

Кога влегувате во маркет важно е да се чувствувате пријатно. Кога чувството на пријатност ќе го споите со секојдневните промоции, продажните акции, наградните игри и попустите, имате и дополнителна вредност на услугата која ја добивате. Сегашниот купувач е едуциран и знае зошто сака да купува одреден производ и да пазари во одреден маркет. Се води од информациите кои ги има, но и од позитивното чувство дека го прави вистинскиот избор. Големи брендови ја препознале оваа навика и знаат како да го развијат чувството на припадност.

‘’Жито маркети’’ покажува знаење за тоа како да се комуницира – зад себе имаат веќе 25 години сигурност и потврда за квалитетот во услугата. Работната идеологија, како и успешното позиционирање на пазарот го изградиле токму со водење грижа за сите свои потрошувачи и нивните потреби и барања. Со професионалност во работата, докажан квалитет, иновација, пријатна атмосфера за купување, ‘’Жито маркети’’ како компанија стана едно од омилените места за дневни набавки на голем број потрошувачи.zito_marketi_1

‘’Компанијата ‘’Жито Маркети’’ веќе 25 години успешно работи и во својата секојдневна пракса се раководиме од идеологијата што ја црпиме од семејните традицонални вредности, а купувачите го препознале тоа. Вредностите кои се воедно и наши постулати се: беспрекорна услуга, пристапни цени и квалитет, и иновација во секој поглед. Кај нас се покажало дека токму тоа е клучот на успехот – идентификација со купувачот, работна атмосфера, пријателски однос, разновидност во понудата, пристапни цени, услужливост. И секако, главниот двигател за да креираме успешна приказна се нашите вработени кои секојдневно придонесуваат задоволството на потрошувачите да биде на повисоко ниво.’’ Вели Далибор Ѓошевски, генерален директор на ‘’Жито маркети’’.

Секој месец нова промоција, секоја недела различна акциска продажба, чести наградни игри, постојана интерактивност на социјалните мрежи… сето тоа придонесува потрошувачите да ги препознаат чекорите кои ‘’Жито маркети’’ ги презема за нивна поголема лојалност и доверба. А фактот што ‘’Жито маркети’’ е семеен бизнис, изграден врз традиционални вредности, придонело истите тие да бидат инкорпорирани во секојдневната работа. Преку внимавање на значајни датуми, почитување и придржување кон истите модели на однесување, како и во секое семејство, “Жито маркети’’ воспоставува блискост и пријателство со купувачите.

‘’Многу често посегнуваме по невообичаени начини да ги изненадиме сите оние што ќе влезат во некој од нашите маркети. Деновите како Нова година, Божиќ, 8ми март се само уште една можност да им го доближиме брендот. Не станува збор само за наменски и тематски создадени акциски продажби и промоции… ние тоа го правиме секојдневно со интересни изненадувања за сите потрошувачи. Едно такво изненадување што го почитуваме години наназад е честитањето 8ми март на сите жени кои тој ден ќе пазаруваат во нашите маркети. Ние сме големо семејство во кое работат повеќе од 400 жени и затоа наша пракса е на сите да им го честитаме празникот со интересен подарок и внимание. За да еден бизнис биде успешен мора да се направи синергија меѓу вработените и потрошувачите, меѓусебно разбирање и соработка. Тоа е кругот во којшто ние ја најдовме формулата за успехот и меѓучовечките односи’’, додава Ѓошевски.

 

Извор: kompletna.com.mk