На 18.11. започна со работа нов Жито маркет во Битола. Ова е трета наша локација во оваа општина и како и до сега, приказната ја продолжуваме лојално, чесно, одговорно кон нашите купувачи и се разбира, со богат асортиман на квалитетни производи по најдобри цени и врвна услуга.
Маркетот се простира на површина од 300м2, располага со две наплатни каси и тим од петнаесет лица. Тука, љубителите на добра храна ќе го најдат највкусното печено пиле на Cekin кое може да се нарача на тел. 075/291-967
Локација: ул. Јанко Палигора бр.2, кај поранешен Тедико маркет.
Работно време: [пон-саб] 07:00-21:00ч. и [недела] 08:00-15:00ч.
Искрено се радуваме и сме благодарни на тимот Жито кој безрезервно се вложи за реализација на овој проект со оглед на тешкиот период со кој сите се соочуваме. Ве молиме почитувајте ги мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Секогаш верни на Вас!