Отворени два нови Жито Маркети во Аеродром и Кисела Вода

Отворени два нови Жито Маркети во Аеродром и Кисела Вода

Отворени два нови Жито Маркети во Аеродром и Кисела Вода

 

Жито Маркети отвори два нови супермаркети во еден ист ден, во Аеродром и Кисела Вода. Со овој потег, нашата компанија станува подостапна за опслужувањето на граѓаните и купувачите во двете скопски општини.

 Едниот маркет е лоциран во Кисела Вода и е на површина од 246 метри квадратни. На своите потрошувачи ќе им донесе поволни акции и врвна услуга по прифатливи цени, карактеристична за сите маркети од ланецот на Жито. Другиот маркет се наоѓа во општина Аеродром, со 146 метри квадратни корисна површина. Според големината, понудата и цените овој маркет е класифициран во категоријата дисконт и ќе нуди поголеми попусти за поголеми заштеди на граѓаните.

Врвниот квалитет, брзата и беспрекорна услуга и пристапните цени – ќе бидат овозможени и во двата нови Жито Маркети на територијата на Скопје.

Според традицијата и досегашната практика на Жито Маркети, отворањето на двата капацитети беше проследено со големи попусти, акции, презентации, дегустации како и подароци за купувачите на првиот ден од работата на овие маркети.

Со двата новоотворени маркети, вкупната бројка на Жито Маркети во земјата се искачи на 36 продажни објекти.