На 8ми Октомври, Жито маркети го проширија својот ланец на малопродажни објекти со уште еден нов дисконт во Прилеп. Маркетот е со вкупна површина од околу 200 метри квадратни, лоциран во центарот на градот со сопствен паркинг и ќе функционира со две наплатни каси. Ова е втор продажен објект на Жито маркети во Прилеп.
Официјалното отворање на дисконтот на пригодна свеченост го направија Градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Ристески и Генералниот директор на Жито маркети, Г-дин Далибор Ѓошевски.
На денот на отворањето купувачите беа пречекани со голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратисни производи.
Дисконтот ќе работи седум дена во неделата, со работно време од 07.30-21.30ч. (од понеделник до сабота) и од 08.00-14.30ч. (во недела). Новиот објект во Прилеп ќе овозможи околу десет нови вработувања.