ЛАДНИ ОБРАВЧИЊА, НО ТОПЛИ ВО СРЦАТА!

ЛАДНИ ОБРАВЧИЊА, НО ТОПЛИ ВО СРЦАТА!

На 21.12.2019, сабота заедно со нашите сограѓани ја пречекавме зимата и го прославивме 8-от роденден на маркетот Жито Ване, Велес. Оваа година во знак на празниците и веселиот период кој претстои подготвивме луда журка за најмладите и вредни подароци, акции, дегустации и презентации за сите наши верни купувачи.

Во 11.00ч. прославата ја отвори балетското студио Анабела, а понатаму публиката  уживаше во настапите на Валери, The Chicks и Мартија. Сите изведувачи изнудија насмевки кај публиката и допринесоа за добро расположение и покрај студот кој го донесе зимата.

Паралелно со журката на сцената, во маркетот Жито Ване купувачите имаа можност да најдат одлична понуда на производи по намалени цени, но и да дегустираат нови производи кои ги нудеа нашите блиски соработници. Со секоја сметка над 500 денари купувачите добија шанса да вртат на “Тркалото на среќа”, а секоја сметка над 1000 денари учествуваше во големата трка за мобилен телефон Samsung Galaxy S10.

Најлојалните 30 купувачи од Велес за изминатата година беа наши специјални гости за кои подготвивме “Лојална елка со подароци”. Веселиот Дедо Мраз на секој од нив му додели признание за лојалност и вреден подарок во знак на благодарност од Жито Маркети.

Она што со нетрпение го очекуваше публиката беше најавеното гостување на мегапопуларните јутјубери GP и Steffonator. За првпат пред велешката публика, нивниот настап беше прeчекан со овации, скандирања и силни емоции. Најистрајните и најборбени фанови имаа можност да се сликаат, разговараат и разменат мислења со GP и Steffonator и да им остават пораки и подароци кои ги подготвиле за нив.

Забавата продолжи со нашите долгогодишни соработници и пријатели ДНК, кои воедно го означија и крајот на настанот со извлекување на најсреќниот купувач на Жито Маркети, добитникот на Samsung Galaxy S10.

Благодарност до сите кои земаа учество и беа дел од големата забава.