Кичево го доби првиот Жито дисконт

Кичево го доби првиот Жито дисконт

 

На 27ми Септември, Кичево го доби првиот Жито дисконт. Компанијата ЖИТО и на Кичевчани ќе им ги овозможи сите погодности и бенифиции потребни на современиот македонски потрошувач со квалитетна услуга и производи во согласност со високите стандарди на нашата компанија. Новиот маркет се протега на површина од 360 метри квадратни, со 3 наплатни каси и обезбеден паркинг простор.

Како и на секое друго официјално отворање, така и овој пат потрошувачите можеа да бидат дел од многубројните промоции и дегустации, акциски и гратисни производи, многу изненадувања и пдоароци.

Со секој нов продажен објект и со секој нов задоволен купувач Жито маркети успешно го спроведуваат носечкиот слоган на големата кампања за ‘’Клуб на верни купувачи’’ кој гласи ‘’Навика да добивам повеќе’’. Ви благодариме на довербата.