И населба Железара доби свој Жито маркет

И населба Железара доби свој Жито маркет

И населба Железара доби свој Жито маркет

Жито Маркети на 27.12. – сабота го отвори својот нов супер маркет во населбата Железара, на улица Филип Филиповиќ 2А.
На простор од 440 метри квадратни во маркетот има 3 наплатни каси и тим од 17 вработени. Како и повеќето големи маркети на Жито, овој малопродажен објект има и своја месара, пиљара и одел за печени пилиња.
„Нашата компанија веќе има докажан квалитет на производите по ниски цени, а посебно задоволство ми преставува што и жителите на Железара ќе имаат шанса да се уверат во тоа. Жито Маркети ќе го направиме достапен во секое маало во Република Македонија и ќе продолжиме и понатаму да ги задоволуваме потребите и барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.
Работното време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.
На денот на отворањето за сите присутни беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис производи. Уште веднаш купувачите можеа да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“ и бенефициите што ги овозможува при купувањето.