ДВА НОВИ ЖИТО МАРКЕТИ ВО СКОПЈЕ И ВЕЛЕС!

ДВА НОВИ ЖИТО МАРКЕТИ ВО СКОПЈЕ И ВЕЛЕС!

Жито маркети на 28.03.2015г. го прошири малопродажниот ланец со два нови маркети, во Велес и Скопје. Маркетот кој е седумнаесети по ред во Скопје се наоѓа во населба Аеродром а истовремено во Велес беше отворен и единаесетиот маркет по ред. И двата маркети се на површина од 170 метри квадратни, имаат по две наплатни каси и вработуваат вкупно 18 лица. Како и останатите и новоотворените маркети се опремени со голем избор на квалитетни производи по најпристапни цени со цел да ги задоволат потребите на сите потрошувачи.

Работното време на двата маркети ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.

При отворањето на двата маркети купувачите можеа да ја употребат лојалната картичка и да ги искористат бенефициите што ги овозможува при купувањето.

На денот на двете отворања имаше голем број изненадувања, подароци, гратис производи попусти и промоции.